Воен термин - категорија

падобранец повеќе

мн. падобранци
Вид збор: Именка, машки род
Скокач со падобран.
Англиски: parachutist
Примери:
Се употребува за гаѓање на цели во воздухот (ниско летачки авиони и падобранци) на далечина до 500 метри.

пали повеќе

палат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за пушка, топ) пукај! стрелај!
Англиски: fire Албански: shtie
Примери:
Пали!

панцир повеќе

мн. панцири
Вид збор: Именка, машки род
Железен оклоп за заштита на телото на борецот.
Англиски: armor Германски: Panzer Албански: pancir, blindues
Метална облога на бојни кораби.
Англиски: armor Германски: Panzer Албански: mburoj
Возило со челичен оклоп (воз, тенк).
Англиски: tank Германски: Panzer Албански: makinë e blinduar

панцирен повеќе

панцирна
Вид збор: Придавка
Заштитен со панцир, изработен од панцир.
Англиски: armored
Примери:
панцирна кошула

парабел повеќе

мн. парабели
Вид збор: Именка, машки род
(модел на пиштол) Вид автоматски пиштол со повеќе куршуми.
Англиски: parabellum

паравоен повеќе

паравоениот
Вид збор: Придавка
Што не припаѓа на редовната војска, нерегуларен.
Англиски: paramilitary
Примери:
паравоена единица

паравојска повеќе

мн. паравојски
Вид збор: Именка, женски род
Нерегуларна војска, која ги нема законските, моралните и други норми на државната војска.
Англиски: paramilitary

парада повеќе

парадата
Вид збор: Именка, женски род
Свечен марш на воени единици.
Англиски: parade Албански: paradë, parakalim
Примери:
Воена парада.

парадира повеќе

парадираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди со параден чекор.
Англиски: parade Албански: ec me hapa parade

парк повеќе

мн. паркови
Вид збор: Именка, машки род
Превозни средства од ист вид со кои располага една земја, град, индустриска гранка, претпријатие.
Англиски: fleet Албански: park automjetësh
Примери:
возен парк

патрола повеќе

мн. патроли
Вид збор: Именка, женски род
Мала група војници или стражари - за преглед на нешто или за вардење на редот.
Англиски: patrol
Примери:
воена патрола

патролен повеќе

Види и: патрола (ж.)
патролна
Вид збор: Придавка
Во врска со патрола.
Примери:
Патролен брод.

патролџија повеќе

мн. патролџии
Вид збор: Именка, машки род
Војник, стражар во патрола.
Англиски: patrolman

петле повеќе

мн. петлиња
Вид збор: Именка, среден род
На пушка, револвер - дел од ударниот механизам што служи за отпуштање на ударната игла.
Англиски: cock Албански: shkrep, gjel

пешадија повеќе

мн. пешадии
Вид збор: Именка, женски род
Род војска што се движи, главно, пеш.
Англиски: infantry
Примери:
Поморска пешадија.

пешадинец повеќе

Види и: пешак (м.)
мн. пешандинци
Вид збор: Именка, машки род
Војник припадник на родот пешадија.
Англиски: infantryman

пешадиски повеќе

Вид збор: Придавка
пешадија
Примери:
пешадиски полк

пешак повеќе

мн. пешаци
Вид збор: Именка, машки род
војник од пешадијата
Англиски: infantryman Албански: infanterist, këmbësor

пикира повеќе

пикираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За авион - се спушта со голема брзина речиси во вертикална положба.
Албански: drejt cakut

пионер повеќе

мн. пионери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пробива нови патишта.
Англиски: pioneer Албански: pionier
Војник од инженерските единици.
Англиски: pioneer Албански: pionier, xhenier

пионерски повеќе

Види и: пионер (м.)
пионерскиот
Вид збор: Придавка
Во врска со технички воени единици.
Англиски: pioneering
Примери:
Пионерските единици го изградија мостот.

питомец повеќе

мн. питомци
Вид збор: Именка, машки род
ученик на воено училиште
Англиски: cadet
Примери:
воен питомец

пламенофрлач повеќе

мн. пламенофрлачи
Вид збор: Именка, машки род
Оружје што исфрла млаз од пламен.
Англиски: flamethrower

плацдарм повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Простор на кој се подготвува и се одвива една воена операција.
Албански: terren manovrimi
Територија што може да послужи како простор за воени дејства против нешто.
Албански: terren manovrimi

плотун повеќе

мн. плотуни
Вид збор: Именка, машки род
Едновремена стрелба од неколку огнострелни орудија.
Англиски: volley
Примери:
почесен плотун

победа повеќе

мн. победи
Вид збор: Именка, женски род
воен успех
Англиски: victory Албански: fitore
Примери:
Напред, другари! Победата е наша.

повечерие повеќе

мн. повечерија
Вид збор: Именка, среден род
Сигнал за спиење од труба.
Албански: sinjal me trumbetë për fjetje
Примери:
Уште не свирело повечерје.

подбрадник повеќе

мн. подбрадници
Вид збор: Именка, машки род
Каиш, ременче на капата.
Албански: kollan rreth kapuçit

подморница повеќе

мн. подморници
Вид збор: Именка, женски род
Брод што плови под морската површина.
Англиски: submarine
Примери:
Атомска подморница.

поднаредник повеќе

мн. поднаредници
Вид збор: Именка, машки род
Подофицер во понизок ранг од наредник во југословенската војска во 1941 год.
Англиски: sergeant

подофицер повеќе

мн. подофицери
Вид збор: Именка, машки род
Воено лице со помал чин од офицерскиот.
Англиски: corporal

подофицерски повеќе

Види и: подофицер (м.)
подофицерскиот
Вид збор: Придавка
подофицер
Примери:
Подофицерска обука.

позиција повеќе

мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
Утврдено место на распоред на воени сили; место во борбена линија.
Англиски: line Албански: vijë
Примери:
одбранбена позиција

поле повеќе

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Простор каде што се одвиваат воени активности.
Англиски: field Албански: fusha
Примери:
минско поле

полигон повеќе

мн. полигони
Вид збор: Именка, машки род
Специјално уреден терен или дел од морето за борбена обука или за испитување оружје и воена опрема.
Англиски: drill ground Албански: poligon
Примери:
Војнички полигон.

полк повеќе

мн. полкови
Вид збор: Именка, машки род
Воена формација во состав на дивизија или бригада.
Англиски: regiment
Примери:
пешадиски полк

полковник повеќе

мн. полковници
Вид збор: Именка, машки род
Висок офицерски чин, меѓу потполковник и генерал.
Англиски: colonel
Примери:
артилериски полковник

полководец повеќе

мн. полководци
Вид збор: Именка, машки род
Војсководец, водач на полк.
Англиски: commander
Примери:
Сите се собраа околу полководецот.

полни повеќе

полнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става муниција во оружје.
Англиски: charge Албански: mbush
Примери:
Војниците ги полнеа пушките.

понтон повеќе

мн. понтони
Вид збор: Именка, машки род
Привремен, подвижен мост што се поставува врз чунови, чамци.
Англиски: pontoon Албански: ponton
Чун, чамец што служи како опора за таков привремен, подвижен мост.
Англиски: pontoon Албански: ponton

понтонер повеќе

Види и: понтон (м.)
мн. понтонери
Вид збор: Именка, машки род
Војник што служи во единица за правење понтони.

поприште повеќе

мн. попришта
Вид збор: Именка, среден род
Место на дејствување, поле за некаква дејност.
Англиски: battlefield Албански: fushëbetejë
Примери:
Воено поприште.

поручник повеќе

мн. поручници
Вид збор: Именка, машки род
Офицерски чин во некои војски што следува по чинот потпоручник и пред чинот капетан; лице со таков чин.
Англиски: lieutenant
Примери:
Јас сум активен артилериски поручник.

поручнички повеќе

Види и: поручник (м.)
поручничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на поручник.
Примери:
поручнички чин

посада повеќе

мн. посади
Вид збор: Именка, женски род
Воена единица сместена постојано или привремено во населено место или во тврдина.
Англиски: garrison Албански: ekuipazh

послуга повеќе

(едн.) послугата
Вид збор: Именка, женски род
Луѓе ангажирани за одржување и употреба на артилериско оружје (топ, минофрлач, митралез).
Англиски: crew Албански: shërbyes, ndihmës

посматрачница повеќе

Види и: набљудувачница (ж.)
мн. посматрачници
Вид збор: Именка, женски род
набљудувачница
Англиски: observation post

пост повеќе

мн. пости
Вид збор: Именка, машки род
Место од каде што се набљудува, стражарско место.
Англиски: post Албански: vend vështrimi
Примери:
Тој го напушти постот на претстражата.

построи повеќе

постојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се построи) Застане во строј, во ред.
Албански: rreshtoj
Примери:
Четата се построи на падината.

потполковник повеќе

мн. потполковници
Вид збор: Именка, машки род
Офицерски чин во некои војски меѓу мајор и полковник; лице што го носи тој чин.
Англиски: lieutenant colonel

потпоручник повеќе

мн. потпоручници
Вид збор: Именка, машки род
Чин во некои војски, понизок од поручник.
Англиски: second lieutenant
Примери:
Тој е потпоручник на АРМ.

поход повеќе

мн. походи
Вид збор: Именка, машки род
Движење на војска за исполнување на воена задача, воени дејства, воена кампања.
Англиски: campaign Албански: pushtim
Примери:
Походите на Александар Велики.

прашинар повеќе

мн. прашинари
Вид збор: Именка, машки род
пешадинец
Англиски: infantryman

прегрупација повеќе

мн. прегрупации
Вид збор: Именка, женски род
Ново, поинакво групирање, распоредување.
Англиски: regrouping
Примери:
На теренот има прегрупации и кај двете завојувани страни.

прегрупира повеќе

Види и: групира (св. и несв.)
прегрупираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Групира поинаку или повторно.
Англиски: regroup Албански: rigrupoj
Примери:
Воениот штаб ги прегрупираше трупите.

прекине повеќе

прекине
Вид збор: Глагол, свршен
Запре воена, борбена дејност.
Англиски: suspend Албански: ndërpres, pezulloj
Примери:
По неколку месеци војување, двете земји ја прекинаа војната.

прекоманда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Преместување од едно на друго место по службена должност.
Примери:
Доби прекоманда во најоддалечената караула.

престрои повеќе

престројат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно построи, поинаку построи.
Англиски: regroup Албански: rigrupoj
Примери:
Тој ги престрои четите.

претстража повеќе

мн. претстражи
Вид збор: Именка, женски род
Стража распоредена пред главнината на војската како заштита од ненадеен противнички напад.
Англиски: vanguard

претходница повеќе

мн. претходници
Вид збор: Именка, женски род
Дел од војската што се наоѓа пред главните сили.
Англиски: vanguard Албански: pararojë

примирје повеќе

мн. примирја
Вид збор: Именка, среден род
Привремен прекин на воени дејства со заемна согласност на завојуваните страни.
Англиски: armistice
Примери:
Склучи примирје.

пробив повеќе

мн. пробиви
Вид збор: Именка, машки род
Прекинување на фронтовската линија.
Англиски: break through Албански: depërtim
Примери:
Одредот успеа да направи пробив на непријателскиот обрач.

проектил повеќе

мн. проектили
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се исфрлува од огнено оружје (куршум, граната).
Англиски: projectile Албански: projektil, predhë
Примери:
Неактивирани проектили.
Тело што се исфрла во просторот со извесна сила и со определена намена.
Англиски: projectile Албански: projektil, predhë

произведе повеќе

произведат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому повисок чин, преведе во повисок чин.
Англиски: promote Албански: gradoj
Примери:
Генералот ги произведе новите полковници.

против повеќе

Вид збор: Префикс
(Како прв дел од сложенки со значење) Што служи како заштита од нешто; што спречува нешто.
Англиски: anti
Примери:
противавионски, противтуберкулозен

противавионски повеќе

противавионскиот
Вид збор: Придавка
Што служи за заштита од авионски напад.
Англиски: antiaircraft
Примери:
противавионска ракета

противакција повеќе

мн. противакции
Вид збор: Именка, женски род
Акција во спротивен правец.
Примери:
Следеше противакција на востаниците.

противатомски повеќе

противатомскиот
Вид збор: Придавка
Што е против атомското оружје.
Англиски: anti-nuclear
Примери:
притиватомски бункер

противвоздушен повеќе

противвоздушниот
Вид збор: Придавка
Што служи за заштита од воздушни напади.
Англиски: air defense
Примери:
противвоздушен систем

противјуриш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Јуриш што е непосреден одговор на извршениот јуриш од страна на противникот.
Англиски: counterstrike

противнапад повеќе

мн. противнапади
Вид збор: Именка, машки род
Напад преземен како одговор на напад од страна на противникот.
Англиски: counterattack

противофанзива повеќе

мн. противофанзиви
Вид збор: Именка, женски род
Офанзива што се презема да се спречи напредувањето на противникот, или да се помине во напад.
Англиски: counteroffensive

противтенковски повеќе

противтенковскиот
Вид збор: Придавка
Што се користи против тенкови.
Англиски: antitank
Примери:
Противтенковска мина.

противудар повеќе

мн. противудари
Вид збор: Именка, машки род
Удар или напад како одговор на удар од противник; возвратен удар.
Англиски: counterblow
Примери:
Изведе противудар.

пувче повеќе

мн. пувчиња
Вид збор: Именка, среден род
пушка
Англиски: rifle
Примери:
Што продавал едно пувче - за мерак.

пушка повеќе

мн. пушки
Вид збор: Именка, женски род
Огнено, војничко или ловечко оружје со една или две цевки.
Англиски: rifle
Примери:
војничка пушка, ловечка пушка

пушкарница повеќе

мн. пушкарници
Вид збор: Именка, женски род
Место од каде се пука со пушка, дупка во ѕид или во окоп од каде се пука.
Англиски: embrasure Албански: frëngji, mëzgallë

пушкомитралез повеќе

мн. пушкомитралези
Вид збор: Именка, машки род
Автоматска пушка што ја опслужуваат двајца војници.
Англиски: machine gun
Примери:
Го притегна пушкомитралезот.

пушкомитралезец повеќе

мн. пушкомитралесци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ракува, што пука од пушкомитралез.
Примери:
Не сери ти оттаму, - викна пушкомитралезецот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш